Работа и сместење во Шведска

1. Основни информации

Главен град: Стокхолм

Население: 9,3 милиони

Површина: 450,000 km² (174,000 sq mi) Валута: 1 круна

Стапка на невработеност: 8,3% (во 2011)

2. Основни услови за влез и информации за визи

Шенген виза за краток престој (С):

Визата за краток престој (С) му овозможува на нејзиниот носител да остане најмногу 90 дена на Шенген територијата во даден период од 180 дена, за туристички, семeјни или деловни причини. Хрватските државјани немаат потреба да аплицираат за виза за краток престој (С). Од 19 Декември 2009 година наваму, државјаните на Србија, Црна Гора и Република Македонија кои поседуваат биометриски пасоши може да патуваат без виза низ целата Шенген зона. Од 15 Декември 2010 година државјаните на Албанија и Босна и Херцеговина исто така се изземени од условот да бараат виза кога ги преминуваат надворешните граници на земјите членки на Шенген зоната на ЕУ. Согласно со т.н. „правило 90/180“, странец може да престојува во Шведска/Шенген зоната најмногу 90 дена (3 месеци) во половина година, сметајќи од датумот на првиот влез. После 90 дена престој, потребно е да отпатувате од Шведска/Шенген зоната. Лицето може да се врати само во тек на следната половина година. Државјаните на споменатите држави кои патуваат во Шведска/Шенген зоната не може да се вработуваат. Државјаните на Косово според UNSCR 1244 треба да аплицираат за воза (за краток или долг престој), во зависност од целта на нивното патување во Шведска.

Повеќе...

languages

FacebookTwitterYoutubeVkontakte

Tyxo.bg counter