Артикли

Работа во Данска

Географска и стопанска положба

 Данска е кралевина на чело со кралицата Маргарита II. Данска е држава во Северна Европа и се протега на полуостровот Јиланд и на островите Селанд, Фин и Леланд. Преку копно Данска се граничи со Германија. Официјален јазик е дански. Население: Данци, Германци, Швеѓани и Норвежани. Развиено е земјоделството, рибарството (морско, езерско и речно) и металната индустрија. Извезува млечни производи, конзервирана риба, месо и преработка од месо. Има развиена и извозно ориентирана електроиндустрија, бродоградба, машинство и делови за машинската и електроиндустријата. Данска е најголем производител и корисник на генератори и опрема за претварање на кинетичката енергија од ветерот во електрична енергија. Тоа се генератори, елиси долги по 50м, столбови и пропратна додатна опрема која по системот “клуч на рака“ данскиот производител го испорачува на инвеститорот. Данска е голема и современа земја во областа на трговијата, транспортот, индустријата, науката и образованието. Економијата е најстабилна во Европа во континуитет неколку децении. Има ниска инфлација и највисок национален доход по жител во Европа. Има позитивен платен биланс од 3.000.000.000US$ и трговски платен биланс од 9.000.000.000US$. Како резултат на позитивните движења во економијата, странските инвестиции растат со поголемо темпо отколку во земјите на ЕУ. Има трговски пристап кон Европската унија на пазарната економија на потрошувачи за 400.000.000 луѓе. Данска има годишен приход од 26.000US$ по жител. Во Данска нема невработени. Работната недела за сите е 37 часа со 5 недели одмор во годината.

 


SMS номер: 141951
Саобштение: get skanjob
Цена 106.20 MKD
Мобилен оператор: Сите
Ваведете Вашиот код:

languages

FacebookTwitterYoutubeVkontakte

Tyxo.bg counter