Артикли

Работа во Финска

ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА

Финска е земја во Северна Европа, која се граничи на исток со Летонија, Естонија, на запад со Шведска и Норвешка на југ со Балтичкото Море. Со површина од 304.610km2, Финска е поголема од бивша Југославија, иако има само 5.200.000 жители. Поголем дел од населението живее во централните и јужните области на земјата. Најголемиот дел од северот, областа Лапонија е слабо населен. Поголеми градови се Хелсинки, Тампере, Лахти, Турку и Јувескиле. Поголеми реки се Оунас, Кеми и Оулу и езерата Ори, Киви, Пјелос и Симо. Повеќе од 60.000 езера, по пат на природни и вештачки канали, се поврзани со поголеми и помали реки, во еден единствен воден слив во најужната област. Морскиот брег го плискаат мирните води на Балтичкиот залив на запад и Финскиот на југ, а долж брегот особено на југо-западниот дел се наоѓаат илјадници убави но пусти острови. Морињата, езерата и реките се богати со риба, а поради ниските количини на сол, многу слатководни риби се наоѓаат дури и во водите на крајбрежниот морски појас. Лапонија е голема непрегледна област по чии голи падини  може да се видат ирваси. Во Лапонија, преку целото лето сонцето воопшто не заоѓа. Најголемиот дел е природен и заштитен резерват на ирвасите. Овој дел на Лапонија е малку населен и затоа е природно зачуван и не е експлоатиран.

Климата е континентална и субполарна. Додека на северот траат долги и ладни зими, на југот, снегот почнува да паѓа на крајот на декември и трае до крајот на март. За време на зимата морето и езерата се замрзнати но сепак тие се главни морски пристаништа, благодарение на модерната флота мразокршачи тие постојано се отворени за пловидба. Летото е период на белите ноќи. На југозападниот дел се наоѓаат преку илјада мали острови кои се претежно ненаселени. Морето, реките и езерата се богати со рибен фонд. Во северниот дел каде што преовладуваат долги и ладни зими, климата е сурова. Езерата и реките замрзнуваат и со помош на мразокршачи се отворени преку цела зима за експлоатација на рибното богатство. Население: Финци 92%, Швеѓани 7% и Лапонци.


SMS номер: 141951
Саобштение: get skanjob
Цена 106.20 MKD
Мобилен оператор: Сите
Ваведете Вашиот код:

languages

FacebookTwitterYoutubeVkontakte

Tyxo.bg counter